ПРВАТА БИОТЕХНОЛОШКА КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Ние ја имплементираме биотехнологијата во едукативниот сектор, науката и бизнисот

За нас

 Генлајт е првата компанија во Македонија што истражува и развива нови биотехнолошки продукти наменети за повеќе индустрии. Со цел нашето знаење за технологијата на 21-виот век да го пренесеме на јавноста, нудиме часови за деца и возрасни од сите возрасти. Дополнително нудиме консултантски услуги на локалните бизниси за справување и превенција на микробиолошки контаминации при производството на храна и пијалоци.

Img

Консултирање за микробиолошки контаминации

 Секаде во природниот свет околу нас се населени микроорганизми. Повеќето од нив се безопасни, но при производниот процес на секој производ што содржи вода тие се населуваат и размножуваат. Микробиолошките контаминации претставуваат значителен проблем за козметичката, и индустријата за храна и пијалоци. Доколку индустрискиот производен процес дозволува било каква микробиолошка контаминација, веројатно рокот на употреба на производите, или пак нивниот квалитет е значително намален поради контаминацијата при производството. Генлајт нуди консултантски услуги за справување со ваков вид проблеми при производството