Генлајт е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Нудиме опрема, реагенси, потрошни материјали и помош околу имплементирање на методи, а за се што немате време, луѓе, опрема или простор, нудиме сеопфатно портфолио на акредитирани методи за сите параметри од интерес.

Истражи го опсегот на нашите услуги и производи и нарачај преку нашата е-продавница

Лабораторија

Тестирање на микробиолошки и физичко-хемиски параметри на примероци од храна и вода (акредитирана од ИАРСМ, согласно на MKC EN ISO/IEC 17025:2018, под број LT-081)

Услуги за анализа на производи – храна, пијалоци и суплементи

  • Контрола на квалитет на биохемиски параметри
  • Тестирање на микробиолошки состав и профил
  • Тестирање на производна средина
  • Генерирање на податоци за оптимизирање на опративен менаџмент, стандардизација на производи и идентификација на критични контролни точки

Готови подлоги и реагенси за микробиологија

Производство согласно ISO 13485 на сеопфатни решенија за микробиолошка контрола од суровина до краен производ во прехрамбената, фармацевтската индустрија и за истражувачка примена.

НАРАЧАЈ ОВДЕ

GenLight е застапник на светски познати производители во Македонија

Клуч на рака пристап за воведување на процесни контроли и секаков вид аналитички методи со решенија за опрема, регенси, потрошни материјали, потребна обука и одржување.

Истражи го нашето портфолио

GenLight договорни услуги за истражување

Услуги за ин витро, анимални и микробиолошки проекти за истражување согласно FDA 21 CFR 58, и развој на ин витро дијагностички медицински средства

GenLight ги нуди сите услуги и материјали потребни за аналитичка работа во лаборатории, индустриско или фармацевтско производство. За вашата лабораторија нудиме опрема, заедно со инсталирање и сервисирање на истата, и сите реагенси и материјали што ви се потребни за воспоставување на аналитички методи. Земајки во предвид дека во лабораторија работиме со материјалите што ги продаваме, може да понудиме и соодветна квалификација и обука на вработените.

Со нашата акредитирана лабораторија нудиме широк и сеопфатен опсег на услуги за континуирана контрола на квалитет и анализа на производи. Со интегрирање на тимовите за контрола на квалитет, овозможуваме прилагодени програми за контрола на квалитет.

За нас

Лабораторија

Хемикалии и материјали

Договорни услуги за истражување

Започнете го разговорот со пополнување на долунаведениот формулар


    Општо прашање