Исполнување на стандардите за хигиена и безбедност на месото е клучно за производство на квалитетни производи од месо што ги задоволуваат законските регулативи и очекувањата на потрошувачите. GenLight е партнер на индустријата за месо за обезбедување на производи кои немаат патогени бактерии, антибиотици, и други контаминенти кои водат до загрозување на здравјето на потрошувачите.
Гурманските деликатеси
започнуваат со осигурување на безбедноста на производот
Микробиологија на месо
- Salmonella spp.
- Listeria monocytogenes
- Yersinia enterocolitica
- E. coli O157
- Campylobacter
- Pseudomonas spp.
- Trichinella larvae
Резидуи и контаминенти
- Антибиотици и сулфонамиди
- Пестициди
- Тешки метали
- Микотоксини
- Полициклични ароматични јагеводороди
Физичко-хемиски параметри
- pH на месо
- Протеини
- Масти
- Колаген
- Фосфати
- Влага
Специфични параметри
- Воден активитет (aW)
- Сол
- Потекло на месото (DNA test)

Свежина → Измерена и Квантифицирана
Pseudomonas spp. се специфични аеробни организми кои го расипуваат месото и при ладно чување, со што предизвикуваат појава на непријатен мирис, вкус и лигава облога на површината на месото. GenLight нуди акредитиран метод за енумерација на Pseudomonas spp. во месото и има воспоставено алгоритам за предвидување на рок на траење на месото чувано од 0 до 20°C, врз основа на влијанието на различни температури на Pseudomonas spp. и можноста истите да се размножат.
Pseudomonas се психротропни бактерии, односно можат да растат на храната и при правилно, ладно чување на истата. Ниска почетна концентрација на Pseudomonas spp. е клучна за ограничување на растот на овие бактерии и избегнување на проблеми со квалитетот. Методите за тестирање што ги нудиме во GenLight ја осигуруваат свежината и безбедноста на вашето месо.

