Прескокни до содржината
GenLight

Козметика

За безбедна убавина

Научна експертиза за обезбедување на безбедни и ефикасни козметички производи.

Генлајт е ISO 17025 акредитирана лабораторија што ги нуди сите потребни лабораториски анализи на козметички производи, меѓу кои анализи за стабилност на производот, микробиологија, ефикасност на презервација, УВ отпорност, иритација и сензитизација на кожа. Во нашата најсовремена лабораторија со искусен тим на експерти, можете да ги задоволите сите регулаторни барања на меѓународниот пазар и да воспоставите современо производство за осигурување на безбедноста на вашите клиенти. Контактирајте не лично, преку маил или телефон за да дознаете повеќе.
Генлајт за козметичката индустрија:

Усогласеност со ЕУ регулативата за козметика (EC No. 1223/2009) |Безбедност и ефикасност на козметички производи | Формулација

Лабораториски анализи
  • pH
  • Бензоева киселина
  • Сорбинска киселина
  • Органохлорни пестициди
  • Тешки метали
  • Дерматолошки ,,фластер‘‘ тестови
  • Тест за издржливост при загадување
  • Тестови за стабилност и компатибилност на производ
  • Стабилност на производ после негово отворање
  • Тест за сензитибилност и иратибилност
Микробиолошки параметри
  • Candida albicans
  • Staphylococcus aureus
  • Pseudomonas aeruginosa
  • Total Aerobic Microorganisms
  • Квасци и мувли
Cosmetic Product Safety Report (CPSR)
  • Cosmetic Product Safety Report
  • Product information file (PIF)
  • Portal CPNP – Registration on the EU Portal

Целосна микробиолошка анализа

Микробиолошки испитувања

Овој тест вклучува анализа за присуство на одредени микроорганизми во самиот производ, како различен вид бактерии, квасци и мувли. Целта на овие тестови е да се провери дали производот содржи микроорганизми штетни по здравјето, кои можат да предизвикаат инфекција или иритација на кожа.

Тестови за ефикасност на презервација

Оваа анализа ја проверува ефикасноста на презервативите кои се користат во производот со цел добивање на информација колку истите превенираат раст на различни микроорганизми, и ја одржуваат стабилноста на производот.