GenLight
GenLight е опсежна лабораторија за тестирање и производител на реагенси. Нудиме акредитирани услуги и производи за контрола на квалитет, тестирање на безбедност и сертификати за исполнување на регулаторни барања.
Лабораторија
Тестирање на микробиолошки и физичко-хемиски параметри на примероци од храна и вода (акредитирана од ИАРСМ, согласно на MKC EN ISO/IEC 17025:2018, под број LT-081).
-
Контрола на квалитет на биохемиски параметри
-
Тестирање на микробиолошки состав и профил
-
Тестирање на производна средина
-
Генерирање на податоци за оптимизирање на опративен менаџмент, стандардизација на производи и идентификација на критични контролни точки
Готови подлоги и реагенси за микробиологија
Производство согласно на ISO 13485 на сеопфатни решенија за микробиолошка контрола од суровина до краен производ во прехрамбената, фармацевтската индустрија и за истражувачка примена.

GenLight е застапник на светски познати производители во Македонија
„Клуч на рака“ пристап за воведување на процесни контроли и секаков вид аналитички методи со решенија за опрема, регенси, потрошни материјали, потребна обука и одржување.
GenLight договорни услуги за истражувања
Услуги за ин витро, анимални и микробиолошки проекти за истражување согласно FDA 21 CFR 58, и развој на ин витро дијагностички медицински средства.
Капацитети и услугиУслуги за фармацевтски компании
Од квалификација на перформансите на секој дел од производниот процес, до воведување и унапредување на системот за контрола на квалитет. Нудиме се што е потребно за усогласување со фарамакопејските барања и оптимизирање на производните процеси. Побарајте не веднаш да дознаете повеќе.
Услуги за лаборатории и индустрија
GenLight ги нуди сите услуги и материјали потребни за аналитичка работа во лаборатории, индустриско или фармацевтско производство. За вашата лабораторија нудиме опрема, заедно со инсталирање и сервисирање на истата, и сите реагенси и материјали што ви се потребни за воспоставување на аналитички методи. Земајки предвид дека и нашата лабораторија ги користи материјалите што ги продаваме, може да понудиме и соодветна квалификација и обука на вработените.
Со нашата акредитирана лабораторија нудиме широк опсег на услуги за континуирана контрола на квалитетот и анализа на производи. Преку интегрирање на тимовите за контрола на квалитет, овозможуваме прилагодени програми за контрола на квалитетот.
Започнете го разговорот со пополнување на долунаведениот формулар
