Можности за кариерен развој

Во Генлајт постојано бараме квалификуван кадар за развој на секој од различните дејности кои се обавуваат во компанијата. Со нашиот документиран систем за едукативен развој, валидација на познавања и авторизирање на делување, во Генлајт може да очекувате фер и динамичен развој на вашите вештини, познавања и напредок во кариерата.  Минималниот критериум за разгледување на вашата апликација е поседување на додипломско образование од областа на молекуларна биологија, фармација, биотехнологија, или ветеринарна медицина и одлично познавање на англискиот јазик и способност за читање, критичка анализа и пишување на научни трудови.

Идеалниот кандидат што го бараме има познавања и искуство, или е заинтересиран/а да научи во првиот месец:

  • Припрема на раствори на реагенси
  • Синтеза на органски соединенија
  • Испитување на концентрација на контаминанти во раствори
  • Спектрофотометриски и флуориметриски техники, и квантитативни метoди за анализа на истите
  • Микробиолошки техники и управување со клеточни култури
  • Изолација, сепарација и амплификација на ДНК и РНК
  • Секвенционирање на ДНК
  • Ензиматски манипулации на ДНК и РНК
  • Техники за клонирање
  • Конструирање на рекомбинантна ДНК
  • SDS-PAGE анализа на протеини
  • Основни биоинформатички алатки
  • HPLC

Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV преку долунаведениот формулар. Успешните кандидати ќе влезат во првиот круг на предселекција што вклучува тестирање на вашите познавања, а кандидатите што ќе докажат теоретско знаење ќе бидат повикани на интервју во лабораторијата на Генлајт.